Институт за демократија: Пратениците можат значително да придонесат за политичката состојба

Од:

Пратениците можат значително да придонесат кон нормализирањето на политичката состојба и атмосферата во Собранието, е еден од заклучоците во рамки на Извештајот од набљудувањето на квалитетот на дебатата во Собранието (јули-октомври 2016) на Институтот за демократија.

Јане Димески, координатор на проектот „Собранието под лупа“ на Институтот вели дека во последните месеци Парламентот не успеал да го искористи својот потенцијал и да придонесе за надминување на политичката криза во земјата.

– Во овој последен период од набљудуваната собраниска дебата до распуштањето, во последните четири месеци овој пратенички состав повторно не успеа да го искористи својот потенцијал како Собрание да придонесе повеќе кон унапредување на политичката култура во општеството и олеснување на политичката криза во државата, вели Димески.

Пратениците, според него, останаа затворени и на цврсти позиции одредени уште пред да влезат во собраниските сали и не покажале менување на тие ставови под притисок на некоја поквалитетна аргументација во текот на расправите.

Во овој период се зголемил бројот на изнесени аргументи во дебатите. Сепак во Извештајот во рамки на проектот „Собранието под лупа“ се нагласува дека народните избраници треба да користат повеќе аргументи во дискусиите, повеќе да се фокусираат кон анализа на аргументите, отколку кон личноста на пратениците, да се воздржат од искажување на различни форми на непочитување, повеќе да се фокусираат кон соработка и решавање на прашањата и проблемите во најширок јавен интерес и да се отворат кон предлози и консултации со граѓанското општество.

Од истражувањето на Институтот за демократија произлегува исто така дека пратениците треба да ја зајакнат законодавната иницијатива, повеќе да се фокусираат кон надзор на работата на извршната власт, да го намалат бројот на акти кои се разгледуваат во краток временски период и да иницираат промени во Деловникот во делот на зголемување на правото говорниците да можат подолго и почесто да дискутираат.

Во однос на пратениците Албанци, темите за кои тие најмногу дискутирале се однесуваат на процесот на интеграција во ЕУ. Според Извештајот вклученоста на пратениците Албанци во дискусиите изнесува само седум отсто во споредба, на пример, со пратениците Македонци чија вклученост е 91 отсто. Па, така, една од препораките за пратениците Албанци е што поголема вклученост во дискусиите, репликите и контрарепликите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште