Инспекторите на Град Скопје почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии

Од:

Инспекторите за животна средина на Град Скопје деновиве почнаа акција за чистење и казнување за приватни депонии, односно имот на кој сопствениците дозволиле од негрижа или од лукративни причини да се креира отпад во скопските општини, информираат од Град Скопје.

„Врз основа на пријава од граѓани или самоиницијативно, инспекторите за животна средина прво вршат инспекциски надзор, ја констатираат состојбата на терен со записник и издадаваат решение со кое ќе ги задолжат сопствениците на имотот во даден рок да постапат по даденото решение“, се вели во соопштението на Град Скопје.

„Доколку сопствениците на имотот не постапат по тоа решение инспекторите ќе изготват ново решение, со кое се задолжува ЈП „Комунална хигиена“ да ја исчисти наведената локација. Трошоците за чистење се фактурираат на сопственикот на приватниот имот кој креирал или дозволил да се направи дива депонија. Во оваа постапка, инспекторите постапуваат според Законот за управување со отпад и Законот за животна средина.

Во текот на минатата недела, по издадено решение од инспекторите за животна средина, исчистена е дива депонија на раскрсницата меѓу булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица, кај трговскиот центар „Ист гејт“, а која претставуваше децениски проблем за целата околина“, се додава во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања