А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Инспекторите ќе полагат испит за да се стекнат со шестгодишна лиценца

by А1он26/05/2015 - 13:05278
Share0

Инспекторите и сите оние кои сакаат да бидат инспектори ќе треба до јули следната година да полагаат испит со што ќе се стекнат со шестгодишна лиценца за работа.

Добивај вести на вибер

Инспекцискиот совет денеска го усвои Предлог-правилникот за полагање испити и во тек е подготовката на прашањата.

–  Инспекторите кои имаат привремени лиценци и секој којшто сака да полага за инспектор ќе може да се пријави со барање до Инспекцискиот совет и преку електронскиот систем да полага за инспектор, изјави денеска директорот на Инспекцискиот совет, Ванчо Каргов.

Согласно Законот за инспекциски закон, сите кои до 1 јули 2014 година биле распоредени на работно место инспектор се стекнале со привремена лиценца.

– Меѓутоа до јули следната година сите кои имаат привремени лиценци и сите оние кои сакаат да бидат инспектори ќе мора да положат испит за инспектор. Со тоа ќе се стекнат со шестгодишна лиценца. Оние пак што нема да го положат испитот нема да добијат привремена лиценца и може да им престане и работниот однос, појасни Каргов.

Новина е и тоа што инспекторите ќе се оценуваат на годишно ниво што е основа за евентуално нивно наградување или за губење на работното место.

На денешната јавна седница Инспекцискиот совет расправа по 12 претставки поднесени против 13 инспектори од кои четворица трудови инспектори од Струмица, Тетово, Ресен и Скопје, двајца инспектори за заштита и спасување, четворица за храна и еден инспектор од Државниот просветен инспекторат.

inspekcija

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ13/11/2023 - 12:1313/11/2023 - 12:19

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски29/09/2022 - 10:4729/09/2022 - 11:32

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска14/11/2020 - 13:5814/11/2020 - 13:58

Инспекциските служби работат со поголеми овластувања, извршени 742 контроли, објект во Гостивар затворен на лице место

Ана Ололовска30/10/2020 - 14:03

Затворено кафулето во Тетово каде гостин се преставуваше како советник на Заев и ги бркаше инспекторите

Кристијан Ландов10/09/2020 - 11:4410/09/2020 - 11:48

Сигурни градови, Маалски полицаец, Комунална полиција и Е-инспектори за ред и правда

Ана Ололовска05/09/2020 - 08:2705/09/2020 - 09:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен