Инспектор од Демир Хисар без дозвола се шетал во време на полициски час, не бил приведен ниту е поведена дисциплинска постапка

Од:

Инспектор во МВР од Демир Хисар вчера бил затекнат на улица во време на полициски час без дозвола. Против него е поднесена кривична пријава, но досега, Одделот за внатрешна контрола при министерството не започнал дисциплинска постапка за утврдување одговорност, дознава „А1он“. Во моментот кога бил затекнат, иако инспекторот го прекршил полицискиот час, тој не бил приведен, како што тоа беше случај вчера со момчето кое шеташе миленик дваесетина минути порано пред дозволениот термин.

Инспекторот по неговото идентификување бил пуштен да замине со своето возило. Тој повеќе години работел во МВР како полициски службеник, а за инспектор бил назначен од страна на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, по неговото доаѓање на чело на министерството, дознава „А1он“ од свои извори.

Иако постојат индиции за непрофесионалното и неетичко постапување, на терен не излегол ниту претставник Одделот за внатрешна контрола при МВР. Досега, не е поведена никаква дисциплинска постапка, како што претходно, беа казнети полицајци кои се фотографираа во полициска униформа, пишувајќи навредливи пораки кои ги објавија на социјалните мрежи.

Кривичната пријава против инспекторот е поднесена до Обвинителството, бидејќи не го почитувал полицискиот час, односно за прекршување на членот 206 од Кривичниот законик, односно, за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

Засега нема одговор, дали некој ургирал за инспекторот да биде заштитен, односно, зошто за овој случај не е известен Одделот за внатрешна контрола, чиј претставник, требало да направи увид во моментот кога се случил настанот, како и, дали внатрешната контрола на МВР ќе поведе постапка по допрен глас, а водејќи се од доказите кои се прибрани од терен и  дадени во Обвинителството.

Ова не е прв случај вработен во МВР да не биде санкциониран иако не го почитувал полицискиот час. Претходно, советник на министерот Наќе Чулев предизвикал инцидент за време на рестрикцијата за движење, откако со возилото бил стопиран на пункт за контрола. Кабинетот на министерот Чулев повеќе од три недели не дава информација за инцидентот и тоа, зошто советникот не санкциониран, а претставката од БПС Тетово не е дадена на постапување во Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска