(ВИДЕО) Казна или награда: Инспекторот кој со голи раце фаќаше храна прераспределен на граничен премин

Од:

Сомнителна казна од Агенцијата за храна и ветеринарсто за несовесниот инспектор кој со голи раце ја фаќаше храната како и за низата неправилности при вршење на инспекција во компанија за кетеринг услуги ВНД-Компани.

На инспекторот од Агенцијата за храна и ветеринарство од страна на директорот на Агенцијата, Зоран Атанасов, преку дисциплинска постапка му е изречена казна од само еден месец намалување на платата за 20 отсто и прераспределување на друго место.

Од Агенцијата за А1он други инспектори коментираат дека е ова “мачкање очи“ и дека не само што не е казнет, туку со ова е награден со оглед дека имало “тепачка“ помеѓу инспекторите кој да работи на Царина.

Ваквата одлука на Атансов, дава до знаење дека или целиот случај не е сфатен сериозно колку што треба или пак станува збор за познатата солидарност и одбрана на инспекторот кој сериозно ги нарушил правилата и прописите при вршење на инспекциската работа.

-Инспекторот е казнет од моја страна со дисциплинска постапка и еден месец намалување на 20% од платата. Тој е прераспределен на друго работно место, односно на граничен премин. Во однос на надлежностите, тој ќе врши проверка на документи за кои ќе треба да каже дали се регуларни или не, изјави Атанасов.

При донесување на одлуката, од страна на в.д. директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, не е земено во предвид ниту сознанието за друга кетеринг компанија во сопственост на блиски роднини до инспекторот. Според Владимир Јашевиќ, сопственик на компанијата ВНД-Компани, неговата компанија подолг период била на мета на надлежниот инспектор поради личен интерес, односно преставувала главна конкуренција на кетеринг компанијата во сопственост на семејството на инспекторот од Агенцијата. Казната од Агенцијата за храна и ветеринарство е единствената санкција која инспекторот ја добил. Инспекцискиот совет одби да го санкционира инспекторот кој според видеото до кое дојде А1он прави круцијални грешки при вршење на работата.

Инспекцискиот совет на денешната седница не расправаше за претставки против други инпектори од Агенцијата за храна и ветеринарство поради отсуство на членот од Советот кој е надлежен за безбедност на храна и кој го амнестираше конкретниот инспектор.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Над 100 пријави за угинати птици за четири дена: Два примерока позитивни на западнонилска треска

Горан Наумовски

Миланов за вратените 11,6 тони македонски пиперки од Бугарија: Известени сме, се чека одлуката дали ќе бидат уништени во земјата увозник или кај нас, на Дрисла

АХВ: Ја следиме состојбата со сипаниците кај овците и навреме преземаме мерки

АХВ ја изрече првата глоба за напуштање мачиња, сторителот е казнет со 550 евра

Горан Наумовски

Горештините носат ризик: Внимавајте што јадете и како ја чувате храната

АХВ на граница запре над 23 тони замрзнато пилешко од Бразил

Горан Наумовски