• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Инспекција во „Скрин лаб“, каде на скопјанка со примени две дози „Фајзер“ не ѝ открија антитела

by Маја Илиевска-Пачемска02/04/2021 - 17:0502/04/2021 - 21:545503
Share0

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе направи вонреден надзор во лабораторијата „Скрин лаб“ откако скопјанка, со примени две дози од вакцината на „Фајзер“ се пожали дека во оваа лабораторија не и откриле антитела кои следниот ден ги открила друга лабораторија.

Добивај вести на вибер

Случајот во Државниот санитарен и здравствен инспекторат во вторникот го пријави Мартин Ефремов, син на скопјанката која се пожали за неточни резултати во „Скрин лаб“.

„Претставка за случајот со ’Скрин лаб’ ја добивме вчера. По истата ќе постапиме веднаш“, велат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за „А1он“.

Покрај скопјанката, која како медицинска сестра ги примила двете дози од вакцината на „Фајзер“,  истовремено антитела во лабораторијата испитувал и нејзиниот сопруг, кој веќе прележал Ковид – 19. Решиле да проверат дали имаат антитела, откако едно по друго имале два смртни случаја во семејството, но во „Скрин лаб“ анализите покажале дека двајцата немаат антитела. Откако им поминал првиот шок по добивањето на резултатите, се посомневале во точноста и веднаш го направиле истиот тест во друга лабораторија. Во „Скрин лаб“ се тестирале во петокот, минатата недела, а тестот го повториле во друга лабораторија во саботата, откако ги добиле негативните резултати. Другата лабораторија открила антитела и кај двајцата, па нивниот син реши случајот со неточни резултати да го пријави кај надлежните институции.

Јордан Петров, управителот и сопственик на „Скрин лаб“, лабораторија која функционира и со името ПЗУ „Павлина“, за „А1он“ објасни дека резултатот на скопјанката е во рамки на дозволена грешка оти китовите со кои работат биле со точност од 98 %, а рече и дека е можно таа да развила антитела еден ден подоцна оти никој не знае во кој момент организмот ги создава антителата по примена вакцина или прележана болест.

antitelakoronavirus mkdlaboratorii

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен