А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Маја Илиевска-Пачемска
Македонија

Скопјанка со примени две дози „Фајзер“ се шокирала кога „Скрин лаб“ не ѝ откриле антитела, најавува пријава против нив откако друга лабораторија ѝ ги открила

by Маја Илиевска-Пачемска29/03/2021 - 18:5829/03/2021 - 20:314543
Share0

Брачен пар од Скопје викендов се шетал низ лаборатории за да утврди дали има антитела на вирусот Ковид-19 исплашени од смртта на двајца членови од семејството, заразени со коронавирус. Нивниот син за „А1он“ вели дека се шокирале кога од „Скрин лаб“ им стигнале резултатите кои покажувале дека немаат антитела иако мајка му, како медицинска сестра, веќе примила две дози од вакцината на „Фајзер“, а татко му прележал Ковид-19. Го повториле тестот во друга лабораторија каде и на двајцата им откриле антитела. Сега подготвуваат пријава за неточните резултати.

Следете a1on на Instagram Instagram
Резултатот прво ги вознемирил, а потоа се посомневавме во точноста оти им личело невозможно по две дози вакцина да нема антитела, па го повториле тестот. – Двата теста

„Тестот во ’Скрин лаб’ го направија во петокот, а во друга лабораторија во саботата,  разликата приближно е 24 часа. Од ’Скрин лаб’ ни испратија анализа која покажува дека немаат антитела, ниту мајка ми, ниту татко ми. Резултатот прво нè вознемири, а потоа се посомневавме во точноста оти ни личеше невозможно кај мајка ми да не се утврдат антитела по вакцинирањето. Денеска стигнаа резултатите од другата лабораторија кои покажуваат дека имаат антитела и веднаш се јавивме во ’Скрин лаб’ да реагираме. Човекот кој одговори на телефонскиот повик воопшто не сакаше да слушне дека направиле некаква грешка, да се извини или да ни ги врати парите. Кај нив плативме по 1.000 денари од човек за тест, а во другата лабораторија по 1.200“, вели Мартин Ефремов, син на брачниот пар кој добил различни резултати во различни лаборатории и апелира граѓаните да внимаваат каде се тестираат за да не минуваат низ она што тие го преживеале.

Телефонскиот број на „Скрин лаб“ е постојано зафатен или никој не одговара. „А1он“ испрати пораки на достапниот мобилен телефон за објаснување за случајот на брачниот пар, но никој не одговори ниту на пораките.

Синот Ефремов вели дека случајот ќе го пријави во Државниот санитарен и здравствен инспекторат и во Институтот за акредитација на лаборатории.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Денес, откако ни стигна резултатот кој потврди присуство на антитела, ги подготвивме пријавите и утре ќе ги доставиме. Во време кога сите сме загрижени за животот и здравјето на нашите најблиски недозволиво е да добиваме вакви резултати и згора на сè да плаќаме за нив“, вели Ефремов за „А1он“.

Тој се јавил и на веб-страниците кои нудат купони за попусти во оваа лабораторија за да им каже дека рекламираат лабораторија која дава неточни резултати, но и по пријавата, понудите не се повлечени.

„Скрин лаб“ е ребрендирана ПЗУ „Павлина“. Ефремов вели дека резултатите му стигнале од електронската адреса на ПЗУ „Павлина“, а на тестот стои новото име, „Скрин лаб“.

antitelakoronavirus mkdlabortorii

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео