Информативни летоци за туристичките работници и гостите во Охрид

Од:

Локалната самоуправа преку Секторот за туризам и локален економски развој од Охрид почна со дистрибуција на информативни летоци за сите корисници или даватели на услуги во туризмот.

Станува збор за три различни информативни летоци од кои еден е наменет за туристите и посетителите на Охрид, вториот содржи информации за станоиздавачите и гостите кои се рашаваат за приватно сместување со нивните права и обврски, како и информативен материјал наменет исклучиво за странските гости сместени на Охридското крајбрежје.

Секој до летоците е отпечатен двострано и двојазично на македонски и англиски јазик.

Дистрибуцијата на материјалите ќе се врши континуирано и преку посебно испланирани активности со што ваквите информации би ја постигнале планираната цел – информирани даватели на услуги и нивни корисници и воведување поголем ред во туристичката дејност во интерес на идниот туристички развој на Охрид.

Би можело да ве интересира

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Светскиот ден на туризмот низ вкусови: Една трпеза, многу дестинации

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Царина: Контролите даваат ефект, евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз

Предраг Петровиќ