Инцидент во Струга: Локал на седми кат не ги пуштил пазарните инспектори во контрола оти имало свадба, записник правеле од приземје

Од:

За празникот Голема Богородица инспекторите на Државниот пазарен инспекторат начекале свадби и веселби по кафеани во Берово, Крива Паланка, Велес и Струга. За сите локали, Инспекторатот најави кривични пријави за непочитување на протоколите. Директорот на ДПИ, Стојко Пауновски, вели дека во Струга имало инцидент при контролата за време на празникот Голема Богородица во петокот.

„Во угостителскиот објект ’Скај Дрини’ во Струга инспекторите имале големи проблеми да влезат. Локалот е на седми кат, се гледало дека има организирана веселба, но инспекторите едвај успеале да влезат. Не им дозволувале да се качат на седмиот кат, па морале записникот да го прават од приземје“, вели директорот Пауновски за „А1он“.

Ова е втора кривична пријава на „Скај дрини’ во Струга. Инспекторите вторпат затекнуваат организирана веселба.

Во петокот, покрај свадбата во Струга, пазарните инспектори фатиле веселби со многу луѓе во угостителскиот објект „Двориште“ во Берово, во „Селект“ во Крива Паланка и „Ве ве Тивес“ во Велес. Сите ќе добијат кривични пријави и им се заканува казна од 5.200 евра или една година затвор.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Во Струга пронајдена почината жена

Автомобил излета од „Партизанска“ во Струга, тешко повреден е возачот

Горан Наумовски