Инцидент на бензиска пумпа – Браќа нападнале полицајци

Од:

Двајца браќа од Крива Паланка нападнале полициски службени лица на бензиска пумпа.

Инцидентот се случил вчера околу 22,15 часот во Крива Паланка на бензиска пумпа , по претходна пријава за нарушен ЈРМ од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, при што браќата Д.Ц.(23) и Д.Ц.(21) двајцата од Крива паланка, најпрвин започнале да ги омаловажуваат и да им упатуваат закани на полициските службеници, а потоа и ги нападнале на тој начин што Д.Ц(23) со рака го фатил едниот полицискиот службеник за врат и го турнал, додека Д.Ц.(21) исто така го турнал другиот полициски службеник во пределот на градите.

По целосно документирање и расчистување на настанот против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари