Имотот на ВМРО-ДПМНЕ останува замрзнат, судот ја одби жалбата

Од:

Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја одби жалбата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која побара да се укине мерката за замрзнување на имотот бидејќи, како што соопштија, со тоа ѝ се нанесува штета на партијата.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска, постапуваше по жалба изјавена против решение на судија на претходна постапка, кој го уважи предлогот на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите и изрече привремена мерка за обезбедување на недвижен имот на политичка партија опфатена со предлогот. Советот, по ценење на фактите и доказите во жалбата, донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди решението на судијата на претходна постапка“, се наведува во соопштението.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, вчера оцени дека барањето на СЈО и одлуките на судиите се неосновани, без аргументација и политички се мотивирани.

Јанушев е дециден дека со ова е повредена праксата на европскиот суд за човекови права.

Кривичниот суд вчера замрзна 69 имоти на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и седиштето на партијата позната како Белата палата.

Со оваа мерка се забранува продавање на конкретниот имот, како и давање под закуп на истиот.

Од СЈО велат дека дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“, со оглед на тоа што постои веројатност истиот имот да биде отуѓен до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски