Има надеж кај Шаќири дека сите предмети ќе се учат од учебници пред второто полугодие, се бира фирма за печатење

Од:

Постои надеж дека учениците од прво, второ, четврто и од петто одделние во основните училишта ќе добијат учебници пред второто полугодие. На стартот од учебната година, министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, посочи дека уште не е избрана фирма која ќе ги печати. За новинарското прашање за тоа чија е одговорноста што ова не е направено пред почетокот на годината, министерот одговори: „Вашето прашање е тенденциозно“.

„Кога ќе поставите друг пат прашање, ќе треба да знаете и одговор. Не е избран економскиот оператор. До учениците се доставени учебници и материјали. Тоа значи дека учениците кои учат оваа година, во брз рок ги имаат добиено учебниците за 6,7,8,9 одделение. За децата (од прво до петто одделение) да немаат товар во нивниот фамилијарен буџет, има подготвителни материјали кои се доставуваат навремено. Некаде се доставени, некаде ќе бидат доставени“, посочи Шаќири.

Тој посочи дека постапката за печатење на книгите за четири предмети, кои сега ги нема, меѓу кои се и за македонски јазик и математика, е започната навреме. За материјалите кои се делат на учениците, а треба во првото полугодие да ги заменат ученибиците, Шаќири додаде: „Материјалот е подготвен според учебната програма“.

Би можело да ве интересира

Шаќири: За простор за ФИНКИ се бара решение, помошта за средношколците и основците ќе се исплати до петок

Шаќири: За врсничкото насилство не е одговорно само МОН, треба да се вклучат сите институции и родителите

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Шаќири: При крај е наоѓањето решение со учениците во Чашка

Заврши протестот на студентите, министерот ќе ја разгледа нивната иницијатива за календар на активности

Шаќири: Европско образование дома не е само барање што ни го наметнува членството во ЕУ, тоа е потреба на нашите ученици и студенти