Илиоски: Во кампањата влегов со големо професионално и политичко искуство

Од:

Во кампањата влегов со големо професионално и политичко искуство, точно такво какво што се очекува и бара од еден управител, менаџер на едно градско домаќинство какво што е Битола, истакна Зоран Илиоски, кандидат за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во пресрет на локалните избори што ќе се одржат в недела.

– Сите ние овде сме на еден начин жиранти, дека се што ветив, буквално се, до точка, до запирка, мора да биде исполнето. И тука нема да има не можам, нема да има не сакам, нема да има откажување, затоа што сме дале збор. Во Битола е направено многу, но во Битола допрва имаме многу работа. Тоа што се почнало да се доврши, да се почне ново, да се напредува. Тоа значи дека не чека работа. Многу работа, рече тој.

– Тоа значи и дека од вас очекувам да бидете вклучени во се, заедно да работиме, оти Битола е ваша и така најдобро и најпрецизно ќе сработиме се што треба. Битола навистина заслужува да биде среќна. Ајде сите заедно да и го овозможиме тоа, порача Илиоски, кандидатот за градоначалник на општина Битола од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ