Илинденските коњаници утре тргнуваат на традиционалниот марш кон Крушево

Од:

Дваесет и пет коњаници од Горно Лисиче утре ќе тргнат на традиционалниот Илинденски марш кон Крушево, каде што на 2 Август ќе се придружат на чествувањето на Илинден на Мечкин Камен. Најмладиот учесник во маршот годинава има 13 години, а меѓу коњаниците има и девојче од 15 години.

Шеснаесеттиот марш е организиран од Здружението „Илинденски марш 1978“. Ќе почне утре попладне со собир во дворот на Општина Аеродром, а централната манифестација е вечерта во кругот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде што коњаниците ќе бидат испратени на пат.

Претседателот на „Илинденски марш 1978“ Гоце Стефковски изјави дека прво ќе преноќат во црквата „Света Тројца“ во Долно Лисиче, наредниот ден се во општина Петровец, а потоа маршрутата е: Велес, Теово, Богомила, Стровија, пелагониските Црнилиште, Костинци и Ропотово. Предвидено е во Крушево да стигнат вечерта на 31 јули.

Коњаниците ќе имаат попатни одмори, средби и пречеци од градоначалниците на општините низ кои ќе минуваат. Од велешкото езеро „Младост“ ним ќе им се придружат и коњаниците од Здружението „Илинденски марш 1903“ од светиниколското село Немањици и потоа заедно ќе јаваат кон историскиот Мечкин Камен.

Здружението од Горно Лисиче оваа година одбележува 35 години од првиот марш до Крушево (1978), но поради прекини тој се организира 16 пати.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

Орце Костов

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден