Илинденските коњаници во рамки на Илинденскиот марш на пат низ Македонија синоќа поминаа во Велес каде што ги пречекаа претставници на локалната самоуправи и граѓани.
Тие заедно положија букети цвеќе и се поклонија пред Споменикот на коњаникот во центарот на Велес во чест на Велешките војводи – Илинденци. Тие предизвикаа голем интерес посебно кај најмладите кои се израдуваа од нивното доаѓање.
Инаку на патот од Лисиче Скопско до Крушево каде ќе пристигнат на 2 август на по повод Илинден, деновиве им се приклучи и група од Источна Македонија.