„Илинден“: Укинувањето на општините во Голо Брдо и Гора чекор назад за правата на Македонците

Од:

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и неговиот огранок во Голо Брдо оценуваат дека предлогот на власта во Албанија во врска со територијални реформи во земјата со кој се укинуваат дел од општините во кои мнозинско население се Македонци е чекор назад во однос на почитувањето на нивните права.

Според „Илинден“, во сите пет варијанти за измени Општина Пустец не се укинува и останува посебна општина, додека општините Стеблево, Требиште и Голем Острен во Голо Брдо, како и општините Шиштавец и Запод во Гора во сите пет варијанти се припојуваат со повеќе општини.

– Општина Пустец го задржува тој статус. Но, таа среќа ја немаат општините во областите Гора и Голо Брдо населени главно со Македонци. Со сите пет варијанти кои се предлагаат од министерот за локални работи, се предлага припојување кон други општини. Македонско друштво „Илинден“-Тирана им предлага на Владата на Репблика Албанија и министерот за локални работи општините во Гора и Голо Брдо да останат како посебни или да се организира по една општина за секоја област. За македонското национално малциство во Албанија припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора е чекор назад во однос на почитувањето на правата на Mакедонците, велат од „Илинден“.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и неговиот огранок во Голо Брдо се надеваат дека Владата на Република Албанија и премиерот Еди Рама нема да дозволи да се укинат општините во Голо Брдо и Гора.

Во наредните два месеца следува јавна дебата за овие предлози и на крајот од јули Парламентот на Албанија ќе гласа за новата територијална реформа.

Би можело да ве интересира

Мицкоски со дијаспората во Њујорк: Вие сте нашата жива и постојана врска со светот

A1on

Дијаспората ќе гласа само за претседател, нема доволно пријави за изборите на пратеници

Катерина Ѓуровски

Дијаспората незаинтересирана за гласање во Македонија: Досега пристигнати 209 пријави

Османи: Има паника кај граѓани во дијаспората дека после 12 февруари ќе ги загубат работните места и дозволите за престој

A1on

Успешните од дијаспората да напишат мотивациско писмо зошто сакаат брза лента на аеродромите – Османи повторно дели МКарта

A1on

Македонската дијаспора од ЕУ во 2021 година во Македонија испратила 325 милиони евра

Горан Наумовски