(ВИДЕО) Илиевски не чувствува одговорност како организатор, воведувал ред пред вратата на Собранието

Од:

Организаторот на протестите од иницијативата „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски во изјава за Макфакс вели дека не чувствувал никаква одговорност за дивеењето во Собранието и нападот врз пратеници и новинари.

– Знаевме дека некој ја пеел албанската химна во Собранието, тоа беше првичниот бран на иритирање кај луѓето, а бев на бина кога се дозна дека има обид за гласање на Талат Џафери за претседател на Собранието. На сите им стана јасно дека станува збор за државен удар во Македонија, иако 10 секунди претходно апелирав да останеме на улица и да не си одиме додека тие не си одат, откако се дозна информацијата, луѓето почнаа да прескокнуваат ограда и се упатија кон вратата на Собранието, рече Илиевски.

Тој кажа дека се обидел да воведе ред на вратите на Собранието и дека не ги познава напаѓачите кои крвнички удрија по пратениците и новинарите, а го видел како што рече „само стариот дедо“ кој ја влечеше Радмила Шекеринска за коса, а другите поради маските на глава не ги видел.

– Не чувствувам никаква одговорност како иницијатор, ние не повикуваме на насилство, ниту пак сме повеле некого да биде насилен, напротив, 60 дена ние на мирен и достоинсвен начин протестираме, рече Илиевски.

Реториката дека протестите на оваа иницијатива се мирни освен организаторите ја користат и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, иако досега имаше неколку физички напади и претепувања на новинарите за време на собирите, а дел од нив завршија и во Ургентниот центар со повреди.

Би можело да ве интересира

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

(ВИДЕО) На митинг во Белгија шест лица се тешко повредени

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата