Иконата Богородица Брзопомошница пристигна во Струмица

Од:

Илјадници верници денеска се собраа на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ во Струмица за да ја пречекаат иконата Богородица Брзопомошница, подарок од светогорскиот манастир Дохијар и од игуменот Григорид за струмичката епархија.

Со цвеќиња и зелени лисја беше покриена патеката во која помина светата икона, автентична копија на истоимената од Света Гора. На свечениот чин присуствуваа струмичкиот митрополит Наум, дебарско- кипчевскиот митрополит Тимотеј, монашките братства од македонските манастири, како и претставници на монашкото братство од грчкиот манастир Дохијар.

– Бог кој е љубов не поучил дека треба да имаме љубов, но не само Бога туку и меѓу себе. Според таа љубов ќе ве познаам дека сте мои следбеници. Овој денешен чин на братството од манастирот Дохијар од Света Гора, која ја подаруваа оваа прекрасна копија на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница, ја потврдува токму таа Христова љубов. Потврдува дека сме христови следбеници и негови проповедници во овој возмутен и вобуркан свет. Образот на мајката Божја нека ни послужи за утеха и надеж, нека ни послужи за надминување на сите препреки во манифестирањето на Христовата љубов и сите кои и се ображаат со молитва да најдат сила и поткрепа за да ги надминат сите искушенија, дилеми и проблеми, рече владиката Тимотеј.

Во името на монашката обител од манастирот Дохијар се обрати отец Филотеј.

– Денес по 2.000 години Богородица, Госпоѓата наша дојде од Света Гора и дојде во ридскиот град во Струмица и влезе во храмот на светите 15 свештеномаченици. Не ја поздрави Елисавета, туку мачениците се мајка, татко, брат, бртатучеди на самиот Господ, тогаш Елисавета, а денес мачениците го слушнаа поздравот и од радост заиграа. Гласот на мечениците сте всушност вие кои ја примате нивната благодат и се радувате. Го изразувате чудењето на Елисавета кон чудењето на нашата госпоѓа Богородица која тогаш отишла кај Елисавета и и открила дека е трудна и ќе роди, рече отец Филотеј.

Тој посака преку молитвите на нивниот старец и монашкото братство, доаѓањето на Богородица да донесе мир и сила.

– Се надевам дека преку молитвите на нашиот старец и моето братство, доагањето на Богородица во вашето место, да ви даде сила, и да ви ги дарува нејзините богати телесни и духовни дарови, да дарува мир на вашата земја, да проговори во срцето на оние што владеат за да живеете во мир, општеството, државата да може во мир секогаш да го прославува Бога и со своите дела и со своите зборови, рече отец Филотеј.

По свечениот дочек доксологија, литијата со верниците тргна од плоштадот низ струмичките улици до храмот на Светите 15 тивериополски свештеномаченици каде што ќе биде поставена на специјален постамент за поклонение пред верниците.

Би можело да ве интересира

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица

ВИДЕО: Изгоре автомобил на патот Струмица-Дабиле

Катерина Ѓуровски

Јован и Јане се првите бебиња во Струмица во оваа година

Загаден е воздухот во Струмица, власта предлага вонредни мерки

Горан Наумовски

Струмичанец и се заканувал на 39-годишната сопруга

Горан Наумовски