А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Игор Југ викаше во судот: Каде е српскиот шпион Живаљевиќ?

by А1он21/09/2018 - 17:5921/09/2018 - 23:08474
Share0

Обвинетиот Игор Југ на продолжението од судењето за настаните од 27 април му постави прашање на ексминистерот за внатрешни работи, Агим Нухиу.

Следете a1on на Instagram Instagram

Игор Југ на одговор на судијката Добрила Кацарска дека не дозволува да му се постави неговото прашање на сведокот, скокна од столчето и се упати кон излезот на судницата.

„Изволте. Отстранете ме од судницата. Судите 33 Македонци. Каде е српскиот шпион Живаљевиќ”, викаше Југ.

Судијката го предупреди да не си ја отежнува и онака тешката состојба во која се наоѓа и дека таа не одлучува кој е обвинет, туку Обвинителството.

Следете a1on на Youtube YouTube

Претходно на Нихиу прашање му постави Александар Василевски Нинџа, кој го праша дали имал информации од УБК дека полицајци на тајната полиција, од петтата управа биле распоредени околу Собранието во 17 часот и дали добил информации дека ветерани на УЧК и активисти на ДУИ од повеќе градови, тргнале накај Скопје со оружје.

Нухиу негираше, само рече дека имало информации од директорот на УБК за можни критични термини.

До крајот на денешното рочиште треба да сведочат уште тројца сведоци, меѓу кои и Сашо Тасевски, директорот на БЈБ.

Васко Маглешов

27 april

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски01/11/2025 - 10:5901/11/2025 - 11:00

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски07/02/2025 - 09:1107/02/2025 - 10:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто