ИФИМЕС: Македонија и БиХ со забрзан влез во НАТО и ЕУ

Од:

Македонија и Босна и Херцеговина ќе имаат ист забрзан третман во подготовките за влез во НАТО и ЕУ, оценува љубљанскиот Меѓународен институт за југоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) во анализата на неодамнешната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Сараево.

Во текстот под наслов „Духот на Заев се шири во БиХ и регионот“, Институтот наведува дека посетата на македноскиот премиер на Сараево има низа геополиитчки пораки и ги најавува идните политички процеси во регионот.

Со поддршката за Заев и Македонија ќе бидат ставени на тест сите актери на западниот Балкан, па и Србија, осносно српскиот претседател Александар Вучиќ, но и Албанија и нејзиниот премиер Еди Рама, смета ИФИМЕС.

– Посетата на Заев на БиХ е своевиден, а можеби и последен, сигнал и патоказ за Александар Вучиќ да се приклучи и да го поддржи патот на Македонија и БиХ кон полноправно членство во ЕУ и НАТО, се оценува во анализата.

Според ИФИМЕС, во одредени меѓународни кругови постои концепт, според кој, со нов стретешки договор меѓу САД и Русија, Србија би можела да стане дел од руската интересна сфера преку Организацијата на Договорот за колективна бебзедност .

Институтот, повикувајќи се на „доверливи информации“ од Брисел и Вашингтон, во анализата тврди дека веќе се подготвуваат одредени одлуки насочени кон измени на Дејтонскиот договор, со кој беше ставен крај на Војната во БиХ во 1995 година, пред се во делот кој се однесува на паралените специјални врски меѓу државите потписнички на документот и нивно укинување, односно еднострано откажување на одредени земји од паралелните врски.

Тие одлуки, според ИФИМЕС, првенствено се однесуваат на Србија, поради нејзината воздржаност кон НАТО и политучката поврзаност со Русија.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Единствена позиција за претстојниот НАТО самит и изработка на стратегија за инвестирање во домашната одбранбена индустрија

Сијарто: Зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство

Горан Наумовски

Трагедија во БиХ – 18 годишник се удави во реката Уна

А1он

Германија: Имаме докази дека Русија планира напад врз НАТО

Орбан: Украинците немаат пари, Европа се уништува самата себеси

Горан Наумовски

Руски хакери ги нападнаа серверите на НАТО