Идната недела ќе има лидерска, состанок на Советот за безбедност и одлука за вонредна состојба

Од:

Лидерската средба и состанокот на Советот за безбедност ќе се одржат идната недела во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, но точниот датум и натаму не е прецизиран. Од Вила Водно велат дека во тек е усогласување на датумот на одржување, како и форматот и темите на лидерската средба. ППознато е само дека поканети се претседателите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, како и на албанските партии, ДУИ, Беса, ДПА, Алијанса и Алтернатива.

„Планирано да се одржи идната седмица меѓу 11 и 15 мај“, велат од Кабинетот на Пендаровски за лидерската средба.

Вонредната состојба на 16 мај, односно идната сабота. Претседателот Пендаровски веќе најави дека двапати ќе размисли пред да донесе одлука за нејзино продолжување за нови 30 дена или помалку од тоа.

„Пред истекот на вонредната состојба, планирано е да се одржи и седница на Советот за безбедност“, додаваат од Кабинетот на Пендаровски.

Претходно, беа на ставот дена нема потреба од организирање на лидерска средба, затоа што во овој момент најважно е надминувањето на пандемијата на коронавирусот и решавање на економските последици од неа.

ВМРО-ДПМНЕ побара на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза, да се разговара и усогласи заедничка стратегија и документ како одговор на условувањата на Бугарија.

На претходната лидерска средба, сите партии се усогласија да се одложат изборите закажани за 12 април.

Би можело да ве интересира

САД ставија вето на приемот на државата Палестина во ОН

Израел: Паднаа маските

Горан Наумовски

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Апасиев нема да оди на лидерска: Ден на жалост заради двојното убиство, не средба за датум за избори

А1он

Почна седницата на Советот за безбедност