Идејата за отворање на центри за рехабилитација украински војници начелно прифатлива, велат од Кабинетот на Пендаровски

Од:

Идејата за отворање на центри за рехабилитација на ранети и повредени украински војници во земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, начелно е прифатлива за нас, но потребно е конкретна разработка на деталите што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе земат учество во програмата, велат од Кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски.

На прашање од МИА дали има пристигнато официјално барање и дали ова прашање е разговарано на седница на Советот за национална безбедност, за тоа какви би биле импликациите по националната безбедност, од Кабинетот на претседателот, информираат дека станува збор за првичен предлог од страна на премиерот на Хрватска и претседателот на Црна Гора, со оглед на тоа дека тие две држави веќе имаат искуство и капацитети за рехабилитација од воените дејствија во 1990-те.

– Идејата, начелно, е прифатлива за нас, при што е потребна конкретна разработка на деталите што ќе биде во надлежност на владите од земјите кои ќе изразат согласност да земат учество во оваа програма, се вели во одговорот од Кабинетот на Пендаровски.

Идејата балканските држави, вклучително и Северна Македонија, да помогнат во рехабилитацијата на деца и војници од воените зони во Украина, како што објави на Х претседателот на Украина Володомир Зеленски, била дискутирана на средби со претседателите на Северна Македонија и на Црна Гора, Стево Пендаровски и Јаков Милатовиќ, на самитот Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана на 28 февруари.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска