А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Ибраими: Штетата во „Титаник 2“ е 413 евра

by А1он19/02/2019 - 12:36442
Share0
Обвинетиот поранешен член на ДИК, Бедредин Ибраими, во завршниот збор за случајот „Титаник 2” на СЈО, рече дека вкупната штета на буџетот е 413 евра.

„Наводната спорна штета која ја најави СЈО беше 114 илјади денари, за на крај, во согласност со наодите на вештакот и утврди дека штетата за повторување на гласањето изнесува 26.011 денари или 413 евра”, рече Ибраими.

Добивај вести на вибер

Обвинетиот кажа дека СЈО со инсинуации, лажни и селективни докази му скроил конструкција на кривично дело. Ибраими кажа дека Обвинителатвото е неовластен тужител и дека јавно на прес-конференција кажал оти аболицијата против него е непотребна, верувајќи дека СЈО ќе расчисти со негативните појави во општеството.

Поранешниот член на ДИК, рече дека не постои надгласување во гласањето во ДИК, туку само донесување одлуки со мнозинство гласови.

Обвинителката Фатиме Фетаи, пак, во завршниот збор на минатото рочиште, рече дека во овој случај најмалку важна е штетата, а поголемо значење има повредата на Изборниот законик и волјата на избирачите.

Во случајот „Титаник 2“, за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување се обвинети лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешните членови на ДИК: Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев. Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание. Според обвинението на СЈО, Мијалков и Тачи се испазариле и успеале незаконски да биде поништено гласањето на локалните избори во Струмица во 2013 година. Во предметот беа обвинети и 5 управни судии, но Апелацискиот суд ги спаси од кривичен прогон.

Васко Маглешов

 

 

sjotitanik 2

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски29/01/2024 - 13:0729/01/2024 - 13:11

Мијалков се спаси од Титаник 2, другите обвинети добија условни казни

Катерина Ѓуровски14/11/2023 - 12:2614/11/2023 - 12:28

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Јанакиески 3,5 години во затвор, условна казна за Јанкуловска за „Титаник“ реши Апелација

Катерина Ѓуровски04/07/2023 - 17:5904/07/2023 - 18:14

Судењето за „Титаник 2“ одложено за 14 јули

Катерина Ѓуровски01/06/2023 - 15:51

Застаре уште едно дело на Мијалков

Ана Ололовска07/04/2023 - 13:0207/04/2023 - 15:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен