Ибраими: Постапката на истражниот судија во Куманово е класичен упад во изборниот процес

Од:

На итна седница, Државната изборна комисија, ја почна жешката расправа. Седницата е о барање на општинската изборна комисија од Куманово и претходна пријава за одземен гласачки материјал од три избирачки места од Куманово.

Опозицијата вчера обвини дека премиерот Никола Груевски и неговата влада дека режираат драма, во која директно вклучена е и полицијата Неколку лица се приведени во СВР Куманово и издаден е налог од истражниот судија за да се земат избирачките списоци од три изборни места, на увид во полиција.

Ова е и причина за недоразбирањето во ДИК, дали истражниот судија имал или не право ова да го направи.

„Ова екласичен упад во изборниот процес“, рече членот на ДИК, Бедредин Ибраими.

Членовите на ДИК се согласија на истражниот судија да му дозволат увид  но само за спорните  9  гласачи. Увидот треба да се изврши во просториите на Општинската изборна комисија.

 

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште