Ибрахим: Во изминативе 16 години, Охридскиот рамковен договор не беше во служба на Турците во Македонија

Од:

Во пресрет на 16 години од потпишувањето на Охридскиот Рамковен Договор, корисно е да се направи една кратка рецензија на изминатиов период од гледна точка на турската етничка заедница во Македонија, смета Енес Ибрахим пратеник во македонското Собрание и генерален сектетар на Партијата за движење на Турците – ТХП.

„За жал во изминативе 16 години, Охридскиот рамковен договор не беше во служба на Турците во Македонија. За да се надмине овој проблем сметам дека Охридскиот рамковен договор треба да се спроведе на транспарентен и инклузивен начин. Новата влада е последната надеж за турската заедница и верувам дека со реформаторските потези Турците ќе си го добиваат заслуженото и посакуваното место во општествениот живот.

Досега овој договор служеше како средство за политички пазарења, затоа и не беше продуктивен за сите етнички заедници. Со напуштањето на оваа навика убеден сум дека Охридскиот Рамковен Договор ќе ги обедини сите помалку бројни заедници во Македонија, со што конечно и тие ќе се чувствуваат како рамноправни граѓани на Република Македонија.

Новата влада веќе од старт покажа желба за надминување на дискриминаторскиот однос на претходниот владеачки состав и тоа ми дава надеж дека се движиме кон вистински правец“ вели Енес Ибрахим во неговото соопштение.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Охридскиот договор овозможи континуиран развој на општествената кохезија

Ахмети по повод 22 години од Рамковниот договор: Повикувам на единство и обединување околу европскиот фронт

Дваесет и две години Охридски рамковен договор

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Прославата за 20 години од Охридскиот рамковен договор се претвори во партиска забава

А1он

Борел: Иднината на Северна Македонија и целиот Западен Балкан е во ЕУ

А1он

Солана: Сигурен сум дека многу скоро ќе ги почнете формалните разговори со ЕУ

А1он