И вечерва се игра и пее: Растурена голема журка со певаљка

Од:

Полна кафеана, гласна музика, пејачка, весели гости. Ова е сликата која вечерва ја затекнаа пазарните инспектори во кафеана која се наоѓа на автопатот Тетово-Гостивар во угостителскиот објект „Луна“. Без почитување на протоколите за заштита од коронавирус, забавата траела цела вечер. Ова се случува во време кога бројот на заразени се движи од 1200 до 1500 заболени и од 30 до 50 починати на дневно ниво.

Локалот полн со гости, биле принудени го празнат инспекторите од Пазарната инспекција, заедно со полицијата.

Кафеаната „Луна“ откако била испразнета, била и запечатена со времена забрана за работење. Со ова, на фирмата ќе и биде изречена и казна од 5200 евра. Сопственикот на угостителскиот објект бил приведен во полиција.

Ова не е првпат за време на пандемија да се организираат забави во угостителски објекти со пејачки и гласна музика. Минатиот месец, Пазарната инспекција затвори и објект во Гостиварско, каде освен пејачки, беа затекнати и танчерки, од кои 5 беа странски државјанки.

Поради ширењето на вирусот, веќе од утре ќе бидат затворени сите угостителски објекти кои нема да смеат да примаат гости, но ќе можат да имаат пулт за продажба на храна и пијалоци. Ова се најновите мерки кои денеска ги донесе Владата по предлог на Кризниот штаб, поради големиот број на заразни, хоспитализирани и починати лица коронавирусот.

Поради заштита од ширење на коронавирусот, Владата уште пред неколку месеци донесе и мерки со кои забрани организирање на прослави во затворен и отворен дел од објектот, како и музички настапи со музички уметници, пејачи, диџеи.

Во рестораните е забрането и групирање, а на сила е и ограничување на јачината на музиката во угостителските објекти. Во просторот за послужување на гости каде има поставено маси, мора да се обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2 метри со соседните маси во сите правци. Максимален број на лица на една маса се ограничува на 4 лица.

 

Би можело да ве интересира

ДПИ најави сузбивање на нелојалната конкуренција од нерегистрираните трговци

Ана Ололовска

Трајковски: Повеќе од 160 инспектори на терен, цените се намалени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пазарна добива најмногу пријави дека нема леб, масло и брашно, иснпекторите влегле кај 200 трговци

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Казни за маркети на „КАМ“ бидејќи масло даваа само под услов да се направи сметка од 800 денари

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Само за сметка над 800 денари, може да се добие зејтин во „КАМ“

Кристијан Ландов

Анета Симеска Димоска именувана за в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат

Жарко Настоски