И Студентскиот пленум со поддршка за референдумот за ГТЦ

Од:

Студентскиот пленум јавно ја поддржува иницијативата за задржување на автентичниот изглед на ГТЦ.

„Како хоризонтално движење кое се заснова врз принципите на директна демократија ја поздравуваме одлуката на Советот на Општина Центар, за првпат во нашето општество да ја искористи најдиректната алатка на граѓанска партиципација и градење на вистински став на една заедница.

Наметнувањето на нови изгледи на јавниот простор прерасна во навика и поради тоа улиците и парковите во кои ние растевме веќе не се препознатливи.

Иницијативата „Го сакам ГТЦ“ на неколку наврати, поддржана од многумина активисти, професори, архитекти и студенти, му кажа не на барокот и конечно успеа да ја донесе одлуката во рацете на тие кои навистина треба да одлучат – граѓаните на Општина Центар.

Доволно беше силувањето на јавните простори, дојдете и одлучете дали навистина ни е потребна уште една барокна неавтентична фасада, дали навистина се потребни уште милиони за ваква измена на ова скопско катче и дали тоа е градот во кој сакате да живеете“, соопштуваат од Студенсткиот пленум.

Би можело да ве интересира

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот