А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

И Спиро Ристовски ослободен од куќен притвор

by Кристијан Ландов08/02/2022 - 14:1808/02/2022 - 17:56788
Share0

Ексминистерот за образование и наука и неправосилно осуден во предметот „Организатори на 27 април“, Спиро Ристовски, по седум месеци излегува од куќен притвор, потврдува Кривичен суд за „А1он“. Тој понудил гаранција до Кривичниот совет која му е прифатена. Оттаму не ја открија вредноста на понудениот имот кој ќе биде под хипотека.

Добивај вести на вибер

„Постапувајќи по предлог на наведениот обвинет, донесе решение со кое го прифаќа предлогот за укинување на мерката куќен притвор со гаранција во недвижен имот. Штом имотот ќе биде катастарски впишан решението ќе биде извршно и експедирано“, велат од Кривичен за „А1он“.

Ристовски помина седум месеци во куќен притвор, како мерка за обезбедување присуство поради опасност од бегство. Тој е осуден на 6,3 години затвор. Тогаш, обвинителката Гордана Смаќоска сметаше дека тој може да избега, па поради тоа и кажа дека е неопходно да биде во куќен притвор. За овој случај, одлучува Апелација.

Минатата недела, од притвор беше ослободен и Трајко Вељановски, поранешен спикер на Собранието и неправосилно осуден за настаните од 27 април. И нему, како и на Ристовски, му беше одреден притвор.

spiro ristovski

Би можело да ве интересира

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски16/01/2024 - 13:4316/01/2024 - 14:23

Одбраната на Спиро Ристовски: Исказите на Нинџа за 27 април се контрадикторни

Катерина Ѓуровски12/07/2021 - 14:5612/07/2021 - 14:59

УИС бара одговорност за инцидентите во „Шутка“, препорачува безбедносни мерки

Ана Ололовска28/02/2019 - 10:2128/02/2019 - 10:47

Обвинителството ќе ги испитува заканите на „Фејсбук“ кон Јанакиески и Ристовски

Сандра Бошковска27/02/2019 - 12:29

Дисциплински постапки за 11 лица во затворот во Шутка

Ана Ололовска26/02/2019 - 12:46

ВМРО-ДПМНЕ: Замижувањето пред јавните закани отвора директен сомнеж за нарачателите на обидот за линч на Ристовски и Јанакиески 

Сандра Бошковска24/02/2019 - 09:44
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен