Обвинителството ќе ги испитува заканите на „Фејсбук“ кон Јанакиески и Ристовски

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР ги истражува заканите упатени до политичарите од страна на затворениците упатени преку отворено писмо пренесено преку интернет-портали, потврдија од полицијата за „А1он“.

„Во врска со заканите упатени до политичарите од наша страна известено е Основното јавно обвинителство Скопје. Споделените објави ќе бидат процесуирани со соодветен поднесок во консултација со обвинителството“, пишува во одговорот од полицијата.

Од Обвинителството за „А1он“ потврдија дека вчера добиле известување од полицијата, по чие проучување итно ќе се постапува. Неофицијално, во извештајот за инцидентот не е нотирано како затворениците дошле до мобилни телефони за да ги упатат заканите.

Мухамед Красниќи, алијас командант Малишева, од кумановската група на „Фејсбук“ упати отворени закани кон ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски и напиша: „Спиро Ристoвски беше боксуван од Лирим Красниќи, браво братучед. Миле Јанакиески беше боксуван од Есат Кафеѓоли. Образот ми го обеливте денес. Ние нема да престанеме во оваа битка. Ниту еден Албанец не се освети за нас до денес и затоа ние сами ќе се осветуваме бидејќи сите ќе ни дојдат тука во затворот, стои во заканата на Красниќи“.

Заменичката на народниот правобранител, Васка Бајрамовска, пред неколку дена изјави дека имало пропусти во затворскиот систем и управата, по инцидентот во затворот во Шуто Оризари во кој беа нападнати ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Бајрамовска рече декa по претресите на затворските простории биле пронајдени предмети кои не се дозволени според куќниот ред на затворот, како мобилни телефони и марихуана.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Петмина скопјани се под истрага на Обвинителство – ја поддржуваат идеологијата на ИСИС

А1он

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа