И ова лето на бесплатен одмор деца од Дебар и Центар Жупа

Од:

Поволноста што ја дава владиниот проект за бесплатен одмор за деца од семејства во социјален ризик и социјално загрозени семејства и ова лето ќе ја искористат деца од општините Дебар и Центар Жупа.

Крешник Пачуку, директор на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа во Дебар, кој со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа, информира дека на објавениот повик од страна на Министертвото за труд и социјална политика се јавиле осум деца од двете општини и сите тие ќе одат на бесплатен одмор.

-Во изминатите пет години, кога почна да се спроведува проектот, од споменатите општини, во просек по десет деца беа на летен одмор или над 50 деца од двете општини. Децата, се многу задоволни зашто дел од нив за првпат имаат можност да одат на одмор, се запознаваат и другаруваат со деца од сите делови на Македонија, учат да пливаат, со еден збор минуваат прекрасен седумдневен одмор, посочува Пачуку.

Тој додава дека за децата е обезбеден е и превоз а тие ќе одмараат во рекреативниот центар за деца и младинци „Мајски цвет” во Струга.

Би можело да ве интересира

Инцидент во Џепчиште: Наставник истепал ученик во училиштето „Пенестија”

Горан Наумовски

Дебарчанец е уапсен под сомнение за семејно насилство

Се заканувал со пиштол кон жители на Дебар, меѓу нив и малолетници

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Во Дебар поставен транспарент „Албанците се понижуват до таму што се гази и крвта на паднатите борци! Врати се команданте, Али Ахмети!“

Катерина Ѓуровски

Крадец од Дебар украл паричник со документи и пари