Македонија официјално пак извиси во Брисел, Бугарите заедно со нас ја заглавија и Албанија на европскиот пат

Од:

Охрабрувачките тонови и обидите на другите земји-членки да ја убедат Бугарија да ја подигне блокадата за преговорите на Македонија за членство во ЕУ, Скопје и Тирана повторно остануваат пред вратите на ЕУ без можност да ги започнат преговорите за кои ги исполнија сите услови.

Дискусијата за проширувањето и посебно за Северна Македонија била бурна на денешниот Совет за општи работи на ЕУ. Германија, Словачка и бројни други земји инсистирале Бугарија да го отстрани ветото за Северна Македонија кое почива врз билатерален конфликт и за кое ЕУ смета дека не му е место во ЕУ.

Бугарскиот претставник ги обвинил своите колеги дека не ја разбираат „длабочината“ на проблемот помеѓу Скопје и Софија и не покажал флексибилност, повикувајќи се на претстојните избори во Бугарија во јули – иако ниту политичка влада не е гаранција дека ветото ќе биде отстрането.

Ниту португалскиот предлог не ја премисли Софија.

Португалската државна секретарка, Ана Паула Закариаш, која претседаваше со денешниот министерски состанок, ја охрабри Словенија да продолжи да бара решение за преговорите со Северна Македонија врз основа на овој предлог.

-Португалското претседателство даде максимум за да изнајде компромис, решение, сакавме денес да имаме не две туку четири меѓувладини конференции, рече Закариаш алудирајќи на двете меѓувладини конференции што се одржуваат вечерва во Луксембург со Србија и Црна Гора.

Португалската претставничка додаде ова е „тежок политички момент што го живеат Бугарија и Северна Македонија“.

-Сѐ уште не е моментот, треба да најдеме решение во кое веруваат сите чинители, ја охрабруваме Словенија да продолжи, да не го изгуби моментот, да ги искористи предлозите на маса и се надеваме на меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија што поскоро за време на идниот семестар, рече Закариаш.

Албанија во сето ова е колатерална штета на бугарската блокада бидејќи иако сите 27 земји членки се согласни дека Тирана ги исполнува сите услови за одржување на првата меѓувладина конференција, тие се држат до принципот дека двете земји не треба во овој дел од процесот да се одвојуваат.

Португалската државна секретарка не одговори на прашањето дали лидерите в четврток и петок ќе се обидат да го убедат бугарскиот претседател Румен Радев да го крене ветото, не рече ни дали воопшто ќе се разговара за проширувањето и Северна Македонија на овој самит. Може да се претпостави дека како што е обичај во Брисел, иако не е официјална точка на дневен ред, на маргините на самитот некои земји би се обиделе да го убедат Радев, но досегашното искуство покажа дека овие обиди ретко успеваат.

На прашање дали ЕУ разговара за последиците што овој нов пораз во односите со Северна Македонија може да ги има врз поддршката на граѓаните во земјата за ЕУ, Закариаш исто така се воздржа од коментар.

Би можело да ве интересира

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите