И Ненад Новковски и Никола Јанкуловски се надеваат дека ќе бидат ректор

Од:

Професорите Ненад Новковски и Никола Јанкуловски влегоа во потесниот избор и се кандидати за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Членовите на Ректорската управа со 28 гласа се изјаснија за Јанкуловски и со 17 за Новковски.

Новковски рече дека менаџментот на Универзитетот размислил посериозно за иднината за катастрофата што го снашла од најразлични причини

– Се надевам дека колегите од Сенатот исто такак ќе разгледаат сериозно, според сите можни критериуми јас сум најдобриот кандидат и се надевам дека односот на гласвите кога ќе гласа Сенатот ќе биде поинаков бидејќи сум најпосветен на извлекувањет на Универзитетот од оваа сосотојба во која се наоѓа, рече Новковски.

Тој веќе претходно кажа дека се сомнева во задкулисни игри,особено ситуацијата со нелегитимно избраните претставници на студентите.

– Јас немам врзанни раце и затоа сум најдобиот кандидат, сега е вистинскиот момент да се избере човек кој ќе биде слободен од политчки влијанија и ќе застане здраво во интерес на целата академска заедница, рече Новковски

Никола Јанкуловси се заблагодари на ректорската управа рече дека и Сенатот ќе ја донесе правилната одлука. За нелигитимноста на Студентскиот парламент, што може да влијае врз неговиот избор , тој рече дека има начини да се смират таквите ситуации.

jankulovski

– Секако дека има начини да се потсмират сите ситуации од таков вид и вчерашниот состанок на Ректорот со студентите, мислам дека оди во тој правец и се надевам дека е веќе тргнато кон смирување на ситуацијата, рече Јанкуловски.

На седницата на Универзитетскиот Сенат на 27 јуни, 68 сенатори вклучувајќи и 10 студенти ќе гласаат за нов ректор на УКИМ.

Никола Јанкуловски е декан на Медицинскиот факултет, тој е абдоминален хирург. Студиите ги завршил на Медицинскиот факултет во Скопје. Во декември 2002 година ја одбранил докторската дисертација. Од септември 2007 до април 2009 година бил директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија. Добитник е на наградата „Св. Климент Охридски“ од областа на здравството во 2013 година и наградата „11 Октомври“ во 2015 година.

Ненад Новковски е редовен професор на Природно-математичкиот факултет на УКИМ на Институтот за физика. Дипломирал на Факултет за физика во 1980 година. Постдипломските студии по физика ги завршил на Електротехничкиот факултет во Белград. Докторската дисертација ја изработил во Лозана, Швајцарија, а ја одбранил на Институтот за физика на ПМФ. Автор е на бројни научни и стручни трудови, а беше и министер за образование и наука во Владата на Љубчо Георгиевски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Избор на ректор на УКИМ, во избирачкиот список запишани 1419 гласачи

Ана Ололовска

Независниот академски синдикат бара да се повтори изборот на ректор на УКИМ

Жарко Настоски

Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ

А1он

Професорите Димитриевски, Атанасов и Живковиќ ги бојкотираат утрешните избори за ректор на УКИМ

А1он

НАкС со нова претставка до ДПИ бара прекинување на постапката за избор на ректор

А1он

Обвинителството ја отфрли пријавата на антикорупциска против ректорот на УКИМ

Мери Јордановска