И национализација на БЕГ е опција за скопјани да имаат парно, Регулаторната е нетранспарентна во целиот процес, смета ексчленот Бошковски

Од:

Регулаторната комисија не се однесувала професионално и транспарентно при носењето на одлуката за цената на топлинската енергија за БЕГ. Едноставно, не си ја завршила работата. Ова е ставот на Дејан Бошковски, поранешен член на Регулаторната комисија за енергетика и директор на ЕЛЕМ, по најавите дека скопјани не само што ќе имаат покачување на парното туку може да останат и со ладни грејни тела.

„Регулаторната комисија не ги информирала граѓаните што ќе се случува со цената на парното греење во Скопје. РКЕ има сектор мониторинг, кој ги следи случувањата на берзите и уште пред 6 месеци имала информации дека цената на гасот ќе има сериозно зголемување. Таа цена ја игра главната улога при формирањето на крајната цена за парното на скопјани. Уште пред БЕГ да поднесе барање за цена, РКЕ знаела или морала да знае дека крајната цена ќе има минимум 200 % зголемување од постојната“, смета поранешниот член на ова тело и директор на ЕЛЕМ.

Потврда на сето тоа е и последната прес-конференција, каде што Марко Беслимовски јавно рече дека ќе донесат нова одлука со реална пресметка. Оттука реакциите во јавноста беа дали одлуките досега се носени со нереални пресметки.

„Доколку РКЕ навреме им објаснеше на граѓаните да знаат што се случува со цените и да очекуваат дека може да има криза, народот е свесен и ќе знаеше дека треба да се штеди. На пример, парното греење ќе почне еден час подоцна, ќе заврши еден час порано, греењето ќе биде со 18 степени, ќе се внимава на одржувањето на внатрешната температура во своите домови да не се троши залудно и така натаму. Сметам дека тоа можеше и требаше да се направи. Непрофесионално и нетранспарентно донесените одлуки од страна на РКЕ доведе до курцшлус во комуникацијата меѓу БЕГ и Владата“, додава Бошковски.

Според него, преговорите помеѓу БЕГ и Владата мора да продолжат и мора да се најде решение

Според него, преговорите помеѓу БЕГ и Владата мора да продолжат и мора да се најде решение, односно Владата не смее да дозволи да има прекин во снабдувањето со топлинска енергија на граѓаните на Скопје. Тој е дециден дека доколку се случи такаво нешто, ќе настапи уште поголема хаварија во енергетскиот систем на државата.
„Граѓаните ќе почнат да се префрлаат да се греат на грејни тела на електрична енергија, со што таквиот начин ќе доведе во централното градско подрачје да почне да се троши струја од дополнителни 150-250 мегавати во еден момент. Таквото оптоварување на дистрибутивната мрежа нема да може да го истрпи системот и ќе почне со сериозни испади на електричната енергија. Дополнително на ова, оваа струја ќе треба да ја надополни ЕСМ спрема ‘ЕВН хоум’. Според моментните пазарни цени тоа ќе го чини ЕСМ повеќе од 500 илјади евра на дневно ниво. Кога ќе го согледате сето тоа, до крајот на грејната сезона ќе бидат потребни повеќе од 30 милиони евра не сметајќи ги настанатите технички штети во дистрибутивниот систем на ЕВН“, апелира Бошковски.

Потребно е да се донесе одлука за прогласување енергетска кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на територијата на град Скопје за полесно да се носат одлуки“, вели поранешниот член на Регулаторната комисија.

Потребно е да се донесе одлука за прогласување енергетска кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на територијата на град Скопје

„Субвенциите очигледно ќе бидат незибежни за надминување на ситуацијата и можеби тоа е најдоброто решение во овој случај. Но, доколку не се договорат, Владата ќе мора да најде начин и да се вмеша во управувањето со тие компании“, додаде тој.

На прашањето дали тоа значи и национализација, Бошковски вели: „И тое е можно како едно од решенијата доколку се исцрпат претходните и други можности за решавање на проблемот“. Сакам да појаснам дека не мислам на национализација како во 1945 година кога им го запленувале имотот на богатите луѓе. Мислам на национализација како економски инструмент и мерка што го користат и големите демократски држави при големи кризи. Такви случаи за потсетување имаше во Америка при финансиската криза во 2008/2009 година кога се национализираа банки, последни ни се примерите и пред неколку години при економската и трговската војна меѓу Америка и Кина, при што се национализираа големи компании и корпорации за кои државата сметала дека се од стратешко значење. Тоа не е ништо страшно бидејќи државата преку тој инструмент ја зема главната улогата за надминување на кризата и за стабилизација на пазарите, а по одминување и заздравување на кризата, национализираниот субјект повторно се враќа во рацете на приватниот сектор, односно државата да се повлече од негово управување.

И во претходните години имало проблеми со снабдувањето на скопјани со топлинска енергија. Тогаш Владата им помагала финансиски на компаниите за да ја надминат кризата. Но, тогаш кризата била поради нарушена финансиска ликвидност на компаниите. Во еден момент крајот на 2012 година имаше ист случај кога тогашниот носител на лиценци АД „Топлификација“ ги врати лиценците на РКЕ. Тогаш, доколку БЕГ не се јавеше на огласот за вршење на ова јавна дејност, тогашната влада ги имаше задолжено ЕЛЕМ и МЕПСО да формираат свои компании преку кои би се вршело снабдувањето со топлинска енергија на скопјани. Сега проблемот е поради енормно зголемените берзански цени на гасот за кој недостигаат пари.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови