РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври, но може да почне и од 1 октомври доколку температурата е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови

Од:

Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, грејната сезона во Скопје започнува на 15 октомври 2025 и завршува на 15 април 2026 година. Но, доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени Целзиусови, тогаш грејната сезона може најрано да започне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април, потсетува Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

-Систем операторот за пренос на гас НОМАГАС најави дека оваа година поради ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот Турски тек се очекува од 13 до 17 октомври да има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава, соопшти РКЕ.

Потсети дека сигурноста во снабдувањето е примарен интерес и дека законската регулатива овозможува во услови на прекин на испорака, операторот со природен гас НОМАГАС да може да изврши навремено полнење на цевката и количината да ја распредели соодветно во критичните денови за корисниците кои се греат на топлинска енергија.

-Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, снабдувачот е должен во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот да обезбеди температура на греење од 20+1 степен Целзиусов. РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите, и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници со цел грејната сезона да започне без проблеми, порачуваат од Регулаторната комисија за енергетика.

Би можело да ве интересира

Завршува грејната сезона

Ацо Ристов е избран за нов претседател на Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ)

А1он

Левица: Бараме укинување на Регулаторната комисија за енергетика

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Бислимоски: Нема да дозволам да биде извалкано моето име

Горан Наумовски

РКЕ: Во постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци