И Ковачевски збунет од изборот на Абази: На тој систем му требаат уште реформи, има огромна работа пред нив

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека огромна работа пред судовите и обвинителствата, за граѓаните да имаат доверба во овие институции. Коментирајќи ги критиките од амбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер која кажа дека е збунета од изборот на Ислам Абази за шеф на обвинителите кои гонат организиран криминал и корупција, а не доаѓа од редот на ова Обвинителство чиј кадар посетува низа обуки финансирани од САД, рече дека се согласува со кажаното.

„Се согласувам со нивната изјава. Како претседател на Владата, ние немавме удел во изборот на шеф на ОЈО-ГОКК. Стануваше збор за непосреден избор, како бил направен изборот, тоа може обвинителите да ви го кажат. Дали е според сите стандарди и сите принципи на добро владеење, тоа исто можат да го кажат самите обвинители или меѓународните институции… Сметам дека на тој систем му требаат уште повеќе реформи. Правосудниот систем во државата има кредибилитет од 8 проценти. Пред нив има огромна работа. Треба да покажат дека граѓаните можат да веруваат во тој систем“, кажа Ковачевски како коментар на изјавата од амбасадорката Агелер.

Критики за изборот на Абази имаше и од правната фела, но и од екс обвинители. Тој прво избега од дебата со неговите противкандидати кои гостуваа во „А1он“ и не се претстави пред колегите. Негова фотографија не можеше да се најде на интернет, а уште помалку негова биографија или што тој работел. До денот на изборите, немаше доставено ниту програма, за подоцна да признае, дека немал ни изработено. Но посочи – имал визија, за која усно разговарал со некои од неговите колеги. Фелата остана во прашалници за тоа, како Абази е изгласан, ако никој не знае кој е, што е, што работел, како напредувал во кариерата, како и за случаи зад кои стои токму тој.

По ова, на првата прес-конференција, на прашање од „А1он“, дали има лични контакти со некој друг политичар од ДУИ, освен Али Ахмети, што одговори: „Немам, немам“. По ова, се нижеа негови фотографии со функционери од оваа партија, како што се Невзат Бејта, член на ДУИ, експратеник и ексградоначалник на интегративците, Фихри Ахмети, брат на Али Ахмети и други. За сите тие фотографии кажа дека се случајни, додека бил на прослави и додека ловел диви свињи на планина.

Би можело да ве интересира

Филипче ја презеде претседателската функција во СДСМ

Ковачевски: Граѓаните одлучуваат дали одиме во ЕУ или се враќаме назад

Катерина Ѓуровски

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

Ковачевски: СДСМ е единствената политичка сила која може да ја внесе Македонија во ЕУ