И „Идризово“ стана небезбедно: Управата вторпат одби интервју со Боки 13, побарана реакција од Тупанчевски

Од:

И затворот „Идрозово“ стана небезбеден откако „А1он“ по вторпат достави барање за интервју со осудениот Бојан Јовановски-Боки 13. Управата за извршување санкции и директорот Марјан Спасовски, останаа на ставот да не дозволат Јовановски да се појави пред камерите на „А1он“ и да биде полиграфски тестиран, иако, законот го дозволува тоа. Па така, по скоро месец дена размислување, Управата одново се повика на единствениот член кој е можност да се одбие вакво барање и додава: „не се одобрува поради безбедносни причини, кои причини не се однесуваат само на ова осудено лице, туку и на целокупната безбедносна ситуација во казнено-поправната институција КДП ‘Идризово’“.

Како и претходниот пат, така и сега, нема објаснување кој ја направил безбедносната проценка, во кој период, како и под кој архивски број во која институција е заведена, но и што стои во неа. Прашавме и за кого е небезбедно во затворот „Идризово“ и што се случува внатре за оваа казнено-поправна институција да е небезбедна. И по десет дена – молк од Управата за извршување санкции.

Сомнеж дека одбиеното барање од страна на директорот на Управата, Спасовски, не е поради безбедносната состојба туку поради други причини е и тоа што, затворот „Идризово“ секојдневно го посетуваат семејства на осудени, невладини здруженија, адвокати. Па така, нејасно е, како за нив е безбедно да влегуваат внатре, а за екипата на „А1он“ е небезбедно. Воедно ако безбедносна закана е осудениот Јовановски, нејасно е како тој постојано е носен на судења и контактира со други лица во судот.

Поради ова, „А1он“ поднесе ново барање до Управата за извршување санкции, кое сега, го достави и до новиот министер за правда, Никола Тупанчевски. И сега, повторно се бара интервју со осудениот Јовановски, а од министерот, како надлежен над Управата и директорот Спасовски, се бара овојпат да биде постапено согласно Законот за извршување санкции. Тупанчевски е известен и за досегашните одбиени барања, нетранспарентноста на Управата, како и сомнежите кои остануваат по донесените одлуки да не се дозволи интервју. По пет дена, се и натаму се чека негова реакција.

За овој случај, ќе бидат известени и сите меѓународни институции задолжени за судски мониторинг.

Претходно, на крајот од декември, Бојан Јовановски, осуден за „Рекет“ кој издржува деветгодишна затворска казна, стана опасен за околината откако со него беше побарано интервју. Никогаш Управата за извршување санцкии не кажа кој ја донел оценката, во кој период, поради кој причини, како и под кој архивски број е заведена. Адвокатот Сашо Дуковски, застапник на Јовановски посочи дека незаконски е одбиено барањето. На крајот од декември, „А1он“ поднесе и второ барање за интервју, овојпат со полиграфско тестирање.

Би можело да ве интересира

Во Идризово почина затвореник од Кичевско

А1он

Запален автомобилот на директорот на затворот Идризово

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Специјалци влегоа во Идризово, најдена голема количина недозволени предмети

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Се истепале затвореници во Идризово, повредени двајца полицајци

Катерина Ѓуровски