И Битола и Транспорт се прогласија ненадлежни за споменикот на Евреите, донацијата стои во двор    

Од:

Општина Битола извести дека е ненадлежна да му издаде одобрение на израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Оријан, да постави споменик на Еврејските гробишта во Битола. По денешната објава на „А1он“ дека амбасадорот една година чека одобрение, од Општината тврдат дека споменикот е надлежност на Министерството за транспорт и врски, но и од таму веќе се изјаснија дека немаат надлежност.

„При увидот во документацијата констатирано е дека средствата за овој споменик се обезбедени од страна на Министерството за култура и меѓународни донации. Во согласност со Законот за градењето, објектот е од прва категорија, што значи дека е во надлежност на Министерството за транспорт и врски. Исто така, со решение од Управата за заштита на културното наследство со Уп.бр.18-197 од 5.7.2019 година, споменичната целина Еврејски гробишта – Битола се прогласува за значајно културно наследство. Според значењето, Еврејски гробишта – Битола се категоризира како значајно културно наследство и ужива гарантирана заштита, што ја обезбедува Република Северна Македонија. И според ова решение, објектот е од прва категорија“, извести Општина Битола.

Токму поради ваквиот став, Општина Битола испратила барање Министерството за транспорт и врски да го издаде решението за поставување на споменикот, но и од Министерството тврдат дека не се надлежни.

„Општина Битола на 27.8.2019 година, преку информацискиот систем е-одобрение за градење, до Министерството за транспорт и врски поднесе барање за издавање решение за изведување на градбата ‘Спомен-обележје – Сончев часовник’, што треба да се изведе на КП број 1368, КО ‘Битола 4’. По разгледување на барањето и извршениот увид во доставената документација, пролози и докази со барањето, како и одредбите од Законот за градењето, со кои се утврдуваат надлежностите на органите кон оваа категоријата, од страна на Министерството за транспорт и врски констатирано е дека тоа не е надлежно за издавање на бараното решение за изведување ваков вид градби. Поради тоа, на 19.9.2019 година Министерството за транспорт и врски го отфрла решението поради ненадлежност“, објаснија од Министерството за транспорт и врски.

Марија Герас-Доцевска, тим-лидер на проектот за ревитализација на Еврејските гробишта во Битола, вели дека успеале да дознаат оти Општината го обжалила решението од Министерството за транспорт и врски во Државната комисија за одлучување во управна постапка, а од таму, пак, им укажале дека надлежноста е на Општината.

Општина Битола не одговара на забелешките за одлуката на Комисијата, но општинарите нагласуваат дека Битола секогаш била транспарентна и ги доставувала сите одговори и до  амбасадорот Дан Оријан и до здружението АРХАМ.

„Со посебно внимание се однесуваме и кон Еврејските гробишта во Битола, но од самиот почеток укажуваме дека Република Северна Македонија има закони што важат за сите, вклучително и за здружението АРХАМ“, велат од Општина Битола.

Додека институциите утврдуваат кој е надлежен да издаде решение за поставување на споменикот во центарот на Еврејските гробишта, споменикот во форма на сончев часовник од лани стои во дворот на фирмата што го изработила.

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Демант од Општина Битола: Не е направена измама, платен е само транспортот на асфалтот

A1on

(ВИДЕО) Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема

A1on

Познати добитниците на највисоките признанија и награди на Општина Битола

Жарко Настоски

Израелскиот амбасадор зачуден: Една година чекам одобрение за споменик на Евреите во Битола

Маја Илиевска-Пачемска

Демонтиран и украден дел од фонтаната на плоштадот Магнолија