И БиХ со протестна нота поради згрешената македонската марка со „голема Хрватска“

Од:

И Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина, после српското, упати протестна нота до амбасадата на Македонија во Сараево, поради тоа што македонската државна поштенска компанија објави поштенска марка со картата на Независна држава Хрватска (НДХ) од периодот на Втората светска војна, која била сојузничка на нацистичка Германија.

„Министерството за надворешни работи на БиХ изразува загриженост по повод промоцијата на поштенската марка со картата на усташката творба Независна држава Хрватска (НДХ), на којашто, меѓу другите, е вклулена и територија на независна и суверена Босна и Херцеговина. Министерството се надева дека станува збора за ненамерен пропуст на Поштата на Северна Македонија кој остро ќе го осуди и Владата на Република Северна Македонија“, се вели во соопштението.

Министерството се надева дека овој настан кој го толкуваат како „обид за ревизија на историските факти, нема да влијае врз изразено добрите и развиени билатерални односи со Македонија. Посебна тежина на овој чин, велат од Министерството, дава и фактот што тоа се случи и на 75-годишнината од победата над фашизмот и Денот на Европа.

„Министерството на Босна и Херцеговина позитивно гледа на извинувањето на Поштата на Северна Македонија, поради, како што велат, ненамерната грешка, и повлекувањето на спорната поштенска марка со која ги разбудија духовите на минатото, кои на овие простори предизвикаа страдање на стотици илјади недолжни жртви под усташкиот режим“, велат од босанското МНР.

Вчера АД „Пошта на Северна Македонија“ отпечати марка за 9 мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, со карта во некогашните граници на НДХ (Независна Држава Хрватска).

Со цел да се изрази благодарност за Хрватска која во моментов претседава со ЕУ, на 6.000 поштенски марки се најде националистичката карта на „Голема Хрватска“, а од Македонски пошти појаснија дека направен бил технички пропуст. Веста веднаш беше проследена со реакции во јавноста, а српското Министерството за надворешни работи му врачи протестна нота на македонскиот амбасадор во Србија.

„Министерството за надворешни работи на Република Србија го изразува својот најсилен протест поради печатењето и објавувањето на поштенската марка со географска карта на фашистичката Независна Држава Хрватска, во која се вклучени делови од Република Србија, делови од Црна Гора и цела Босна и Херцеговина, а чие помнење евоцира спомени за српскиот народ на намрачниот период во поновата историја “, се вели во протестната нота.

Понатаму се додава дека ваквите обиди за историски ревизионизам грубо ги нарушуваат билатералните односи меѓу Република Србија и Република Северна Македонија, како и соработката и стабилноста во целиот регион.

„Министерството за надворешни работи на Република Србија, објавувањето на оваа марка, и тоа на Денот на победата над фашизмот, го сфаќа како непријателска провокација насочена против територијалниот интегритет и суверенитет на Република Србија, како и навреда за целиот српски народ кој страдаше во концентрационите логори на истата НДХ за време на Втората светска војна“, се потенцира во протестната нота.

Од Македонски пошти се извинија, ја повлекоа марката и рекоа дека станува збор за ненамерна грешка.

„На поштенската марка претставена е погрешна карта на Република Хрватска и другите земји од регионот и поради тоа марката веднаш се повлекува од употреба“, изјавија од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Оттаму велат дека нивна цел било со оваа поштенска марка да изразат благодарност до хрватското претседателсво со ЕУ за помошта и поддршката која Република Хрватска и ја дава на нашата држава.

По гафот била одржана итна седница, на која покрај поништувањето на тиражот, донесена е и одлука за разрешување на раководителот на Бирото за филателија и одлука за разрешување на Советот за поштенски марки.

Би можело да ве интересира

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Се урнал покривот на сала во изградба во Шибеник, најмалку едно лице е повредено

Познати кандидатите на претседателските избори во Хрватска

Горан Наумовски

Ава Карабатиќ собра повеќе од 26.000 потписи: „Изберете ја Ава за вистинската држава“

Објавена е нова анкета за претседателските избори во Хрватска

Предраг Петровиќ

Владата на Пленковиќ го преживеа гласањето за доверба