Хуманитарни пакети за штипските стечајни работници

Од:

Четириесет прехранбени пакети се доделени денеска на стечајни работници во Штип. Пакетите ги доделија градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев и Општиската Организација на Црвен крст-Штип.

– Ценевме дека една ваква мала, симболична поддршка ќе им значи на овие луѓе нешто, со тоа што подолго време се без работа и мислиме дека ќе им помогнеме со одредени прехранбени производи, вели Захариев.

Претседателот на стечајните работници од Штип, Ќемалдин Арсланов вели дека секоја помош им е добредојдена, а традиционално секоја година ја добиваат од страна на градоначалникот и од Црвениот крст.

Тој забележува дека стечајните работници се на возраст од над 60 години и тешко наоѓаат работа, бидејќи некои од нив имаат и здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена