Хуманитарна помош за семејствата од изгорените куќи во Струга

Од:

Помош од храна, средства за хигиена, постелнини и ќебиња од Општинската организација на Црвениот крст од Струга добија денеска семејствата кои ги изгубија домовите во вчeрашниот пожар во Струга во кој изгореа пет куќи.

Струшкиот Црвен крста, како што информира секретарот на општинската организација Адуриме Даути, ќе донира и еднократна парична помош за да им излезат во пресрет на семејствата. Висината на сумата, додаде, дополнително ќе се одреди во понеделник.

– Целта е да ги поттикнеме граѓаните да собираат средства, донации, со цел да помогнеме, да им излеземе во пресрет на семејствата кои ги изгубија домовите и чии куќи претрпеа голема материјална штета во вечрашниот пожар, рече Даути.

Пожарот е изгаснаст, но дежурни екипи на струшките пожарникари го обезбедуваат местото поради опасност да не дојде до реактивирање.

Во пожарот што вчера напладне избувна во центарот на Струга, во старото градско јадро целосно изгореа три куќи, а две се опожарени. Повредени нема. Во гасењето учествуваа екипи на Територијалната пожарна единица во Струга, нивни колеги од Охрид, Јавното комунално претпријатие „Проаква“ од Струга и локалното население. Гасењето одеше отежнато поради тесните улички и збиената архитектура, но и од несовесно паркираните автомобили.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски