Хуманитарна помош од Чешка за мигрантите низ Македонија

Од:

Официјално ќе биде предадена втората пратка материјална помош, испратена со одлука на Владата на Република Чешка за поддршка на македонската Влада во обезбедувањето соодветен хуманитарен пристап кон мигрантите што се движат преку територијата на Македонија по таканаречената балканска траса.

На предавањето на материјалната помош на терминалот Фершпед во Скопје ќе присуствува амбасадорот на Република Чешка, Мирослав Рамеш.

Целосната вредност на втората чешка пратка материјална помош, што вклучува 10.000 ќебиња, 500 вреќи за спиење, 5.000 кабаници, 4.880 изотермни заштитни фолии и 2 генератори за струја, надминува 86 илјади евра.

Првата пратка хуманитарна помош од Чешка што се состоеше од 10 шатори со голем капацитет со комплетна опрема во вредност од над 38 илјади евра.

Транспортот на двете пратки го обезбедуваат работниците на Службата за спасување од пожари на Република Чешка, а во втората пратка се работи за четири камиони со приколки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица

(ВИДЕО) Катастрофа во Сеута: Најмалку 18 мигранти загинаа

ВИДЕО: Илјадници мигранти влегоа во Сеута, локалните власти бараат распоредување на војската