Хуманитарна акција во Скопје ЗОО- Донираме за малата Симона

Од:

Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција за собирање на финански средства за четиригодишната Симона која боледува од леукемија.

По тој повод во недела организираат низа настани за донации во Скопје Зоо.

Апел до сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната акција!

Четиригодишната Симона Хаџи-Тошев, за жал боледува од акутна нелимфобластна лекумија. Деновиве се собрани над 30.000 евра, а малата Симона со родителите веќе се во Загреб. Потребно е да соберат 140 000 евра за лекувањето. Зоолошка градина Скопје се приклучува во хуманитарната акција и ги повикува сите посетители да донираат за Симона во недела (27.10). Од 09:00- 18:00 ќе бидат поставени кутии за донации, а во меѓувреме ќе може да се дружите и фотографирате со омилените Дизни маскоти, да гледате бесплатно магионичарско шоу и многу други содржини преку кои ќе помогнеме да се соберат средства за малата Симона.

Да бидеме хумани, да спасиме еден млад живот. За среќно детство на Симона! ♥

Броеви за донации:
Телеком 143 424
А1 143 460

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се собираа хигиенски влошки за сиромашни девојки и жени

Габриела Димковиќ-Мишевска

РК „Охрид“ за Јана

Ана Ололовска

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Четврти Светски хуманитарен пикник во Градски парк

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Собрани 6000 килограми храна во акцијата „Нахрани 10.000“

Ана Ололовска