Хуманитарна акција на „Секјуриком” во ЈУЗ Клиника за Детски Болести

Од:

Во текот на изминатите две недели групацијата „Секјуриком”, како долгогодишен поддржувач на Клиниката за детски болести Скопје, се вклучи во уште една хуманитарна акција. Од „Секјуриком” одлучија оваа година наместо да организираат корпоративна прослава и да праќаат подароци до соработниците, средствата да ги пренасочат во хуманитарни цели.

На заеднички состанок со директорите на Клиниката како приоритетна беше проценета потребата за генерално чистење и средување на таванските простории.

Извршено е специјализирано чистење на таванските простории со ангажман на високопрофесионални екипи, опремени со соодветни средства за заштита при работа, како и висококвалитетни еколошки средства и опрема кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди за квалитет.

„Оваа поддршка е дел од нашите активности како општествено одговорна компанија која инвестира во заедницата во која делува. Она што особено ме радува се нашите вработени, кои се проактивни и самите иницираат вакви хуманитарни акции. Оваа година, одлучивме средствата за досегашните корпоративни подароци како и за традиционалната предновогодишна забава да ги пренасочиме во добротворни цели, односно за акцијата во Клиниката.” – образложи м-р Иво Ивановски, менаџер за продажба во „Секјуриком“.

Соработката на Клиниката за Детски болести со „Секјуриком“ трае години наназад. Во предновогодишниот период имаат организирано посета со ликовите на Маша и Медо кои делеа подароци на децата хоспитализирани на Клиниката. Во пресрет на 2016 година „Секјуриком” заедно со „Kултура“ и Фондацијата „Златна Рипка“ направија хуманитарна новогодишна честитка, а со собраните пари од продажбата на честитката се купи медицинска опрема за Клиниката.

Минатата година „Секјуриком“ со МАБА (Македонско-австриска бизнис асоцијација) донираа апарат за неинвазивна механичка венитилација на Одделот за Интензивна нега и терапија вреден 13.000 евра. Ова се само дел од акциите кои „Секјуриком” досега ги има иницирано за Клиниката за детски болести.

„Благодарни сме на „Секјуриком“ и на постојаната поддршка која ја добиваме од нив. Соработката со оваа компанија трае веќе неколку години и донациите од нивна страна се секогаш добредојдени и потребни на клиниката, особено во овој период од годината. Ова е период на дарување, месец на празнување во кој правите убави нешта за луѓето околу вас. Навистина ни е драго што „Секјуриком” се тука и оваа година да ни помогнат да ги подобриме условите за подобро функционирање на Клиниката.” – изјави д-р Катерина Ставриќ, директорка на Клиника за Детски болести.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски