Хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвениот Крст

Од:

Во пресрет на новогодишните празници, ЕВН и Црвениот Крст на РМ, организираат новогодишно дружење и празнични донации за деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства. Над 500 деца ќе уживаат во новогодишни престави, дружење со Дедо Мраз, а ќе добијат и новогодишни подароци.

На централниот настан во Скопје, над 150 деца го проследија анимираниот филм „Мечето Педингтон”, а ги дружеше и Дедо Мраз.

Настанот е дел од хуманитарната акција „Да споделиме радост“, која се спроведува во повеќе градови низ земјава.

„Новата година е асоцијација на весела атмосфера, подароци, семејни собири. За жал, не сите деца можат еднакво да го почувствуваат новогодишното расположение. Затоа, компаниите партнери на Црвениот крст, се обидуваме да насмееме и израдуваме што повеќе дечиња достоинствено да ја пречекаат новата година. Сакаме радоста и убавите мигови да им бидат секојдневни. На сите деца им посакувам добро здравје, среќа и радост ”, рече г-ѓа Ленче Карпузовска, менаџерка за комуникации во ЕВН Македонија.

Сузана Тунева Пауновска, Секретар на Црвениот Крст на град Скопје изјави:

„Во пресрет на новогодишните празници, поттикнуваме хуманост и солидарност кон оние на кои помошта и поддршката им е повеќе од потребна. Во оваа насока е и вниманието кое го посветуваме кон најмладите, кои пак посебно се радуваат на подароци и пакетчиња во празничните денови. Денешниот настан и поддршката која Црвениот крст ја добива од ЕВН Македонија, се само уште еден показател и позитивен пример за грижа кон ранливите категории во заедницата. За нас во Црвениот крст е особено важно да подадеме рака секогаш и секаде кога е потребно, да помогнеме, но и да ги истакнеме позитивните примери кои мотивираат. Само со меѓусебна поддршка може да ги ублажиме потребите на социјално исклучените лица, лица со посебни потреби, лица со воспитно образовни потреби, лица кои имаат потреба од нас. Се надеваме дека овој позитивен пример за општествена одговорност на една компанија ќе продолжи и во иднина, што ќе придонесе за многу искрени детски насмевки и убави празнични моменти.”

Новогодишни изненадувања ЕВН Македонија подготви и за најмалите од О. Арачиново и за штитеницитеодЗаводот за рехабилитација на деца и младинциод Бутел.

Би можело да ве интересира

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Во сабота во спортската сала „Кале“ забава и кошарка во хуманитарни цели

Горан Наумовски