Хуманитарна акција на Црвен крст „Заедно каде е потребно“

Од:

Црвениот крст на Република Северна Македонија заради состојбата со вирусот „Ковид-19“, со цел да обезбеди помош за граѓаните на кои таа им е најпотребна, организира хуманитарна акција: „Заедно каде е потребно“.

Од Црвениот крст ги повикуваат сите хумани граѓани и правни субјекти, кои се во можност до 10 мај оваа година, да донираат парични средства, прехранбени производи, средства за хигиена и дезинфекција.

Донаторите од општина Кисела Вода помошта потребно е да ја достават во општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода. Донации може да се оставаат и во другите општини/градови ширум државата, во просториите на Црвениот крст. Додека финансиски средства може да се донираат на:

– Сметка на фондот на солидарност на Црвен крст на РСМ – 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

Покрај ова, средства во износ од 100 денари може да се донираат и со бирање на телефонскиот број : 070/075/077 143 400.

Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои се во можност да се вклучат во хуманитарните активности на Црвениот крст.

Би можело да ве интересира

Црвен крст: Собравме 102 милиони денари, извршена е исплата на сите семејства кои требаа да добијат помош

Канцеларијата на Црвениот крст во Газа е оштетена од проектили

Хуманитарниот велеслалом Маврово 2024 годинава за поддршка на лекувањето на младиот Леонид Индов

„Цепај сине“, купи книга и биди хуман: Ѕоф и „Арс Ламина“ во нова хуманитарна акција

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид