Хуманитарен интернационален хепенинг – Интерскопкејкс 2018

Од:

Десетиот по ред хуманитарен интернационален хепенинг – Интерскопкејкс 2018, ќе се одржи денеска напладне во Веро центарот во Скопје, во организација на Град Скопје во соработка со хуманитарната организација Ангелчиња-ХОА.

На хепенингот што претставува натпревар на учесниците во изработка и декорација на торти, посетителите ќе имаат можност да уживаат во креациите на аматерите и професионалците во оваа дејност, да гласаат и заедно со жири комисијата да ја изберат најдобрата карвинг креација.

Во организација на Општина Кисела Вода, Хуманитарната организација СВЕТИ СПАС, Град Скопје и хуманитарната организација Ангелчиња-ХОА, по завршување на настанот, тортите ќе им бидат подарени на децата од СОС детско село и на граѓаните – корисници на народните кујни во општините Кисела Вода и Ѓорче Петров.

Исто така, во рамки на оваа манифестација е и изложбениот саем, каде сите земји – учеснички ќе направат своја презентација од областа на туризмот и новитетите во областа на угостителството. Граѓаните ќе можат да ги разгледаат изложбените штандови, да се запознаат со нивната содржина и да бидат дел од нивните промотивни понуди и наградни игри.

-Во текот на хепенингот, ќе се одржи и таканаречен натпревар под притисок, каде учесниците ќе имаат само 10 минути да ја покажат својата умешност во украсување торти на зададена тема од страна на жирито. Ќе биде изработена и роденденска торта од слаткари од сите земји, која потоа ќе им биде поделена на посетителите, најавуваат организаторите.

На настанот влезот е слободен за посетители, кои ќе може да проследат и богата музичка програма и многу изненадувања.

Би можело да ве интересира

Ацт Македонија со повик за приклучување во хуманитарната акција

Одржан вториот Ласер ран, донирани средства за лекување на малиот Леонид

Семејството на Кико донираше половина милион денари за респиратор малиот Стефан

Катерина Ѓуровски

Хуманитарна акција „Црвен тепих на хуманоста“ во 18 градови низ државата

Ана Ололовска

Хуманитарна акција за жителите од загрозените подрачја од пожарите

A1on

Хуманитарна трка на скопскиот кеј за помош на онколошкото одделение на Детската клиника

Ана Ололовска