Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Од:

МВР извести дека вчера во 13.30 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи ги уапсиja С.Р.(37) од Република Хрватска и А.К.(37) од Радовиш.

„Тие се сомничат дека околу 7.30 часот од црква во Радовиш се обиделе да одземат пари, а откако биле забележани од клисарот во црквата, А.К. физички го нападнала, а С.Р. му се заканил со остар предмет, по што го напуштиле местото. Во службен разговор во Полициската станица Радовиш тие го признале делото, по што биле задржани. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, извести полицијата.

Би можело да ве интересира

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Голем грабеж во Нови Пазар: Вооружен маж од златарница украде три килограми злато

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Разбојници запреа транспортно возило и украдоа два милиони евра