Христовски: „Градски паркинг“ должи околу 33 милиони денари на Град Скопје за неплатена комунална такса

Од:

Вршителот на должност на функцијата директор на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, на денешната седница на Советот на Град Скопје изјави дека претпријатието должи околу 33 милиони денари на Градот.

„Станува збор за редовна пракса за давање субвенции за потешкотиите во работењето на „Градски паркинг“. Ова е досега најмал износ на субвенции кои ги дал Град Скопје за ова јавно претпријатие. Во 2018 година се доделени 15 милиони денари субвенции, во 2019 година, исто така, се доделени 15 милиони денари, во 2020 година се доделени 7,5 милиони денари, или вкупно во овие неколку години 37,5 милиони денари субвенции. Во пракса, овие субвенции во претпријатието се искористени за плаќање комунална такса кон Град Скопје, односно од примените средства за 2018 до 2020 година се платени околу 41 милион денари за комунална такса кон Град Скопје. Јас увидов дека претпријатието има повеќе проблеми, индиции за несовесно и незаконско работење. Има индиции за недостиг на средства – ненаплаќање на паркинг услугите од поединци со што претпријатието веруваме дека има губено големи средства, поради што во идниот период ќе работиме на детектирање и докажување на тие потенцијални неправилности“, рече Христовски.

Тој изрази надеж дека во наредните години ова јавно претпријатие ќе нема потреба од субвенции.

„Би додал и дека претпријатието го начекувам со вкупен долг кон Град Скопје за неплатена комунална такса од околу 33 милиони денари, такса којашто се собирала во изминативе неколку години. Претпријатието е со сегашна состојба од околу 26,5 милиони денари, но сепак, долгот кон Град Скопје е 33 милиони денари“, појасни Христовски.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави

Стојановски: Утре изутрина од 4:45 часот јавниот градски превоз ќе продолжи нормално да функционира

Предраг Петровиќ

Советот на Град Скопје ја донесе одлуката за давање субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година

Град Скопје: Вработените во ЈСП Скопје без плата, а граѓаните на Скопје без превоз

Левица: Итна седница на Советот на Град Скопје, Трудот на работниците во „Флораком“ и „Луна“ мора да биде исплатен

А1он