Ирското претседателство со Европската унија да води интензивна дипломатија за да се обезбеди договор до јуни оваа година да се отворат пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Тоа може да биде пресвртница во односите со соседите и понатамошни реформи.
Ова се клучните поенти од драфт-верзијата на резолуцијата на Европскиот парламент што денеска до ЕП ја достави известувачот за нашата земја од законодавниот дом на ЕУ, европратеникот Ричард Ховит, каде меѓудругите одлуки што се земени предвид е посочена и одлуката на Меѓународнито суд на правдата во врска со прекршувањето на Времената спогодба од 13 септември 1995 година, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Во овој предлог за кој Комитетот за надворешни работи на Европарламентот (АФЕТ) ќе расправа на 22 јануари и 25 февруари и ќе гласа на 4 март, а ЕП ќе го усвојува меѓу 15 и 18 април оваа година, известувачот Ховит повикува без одлагање да се почнат преговорите за членство на Македонија во Унијата, но исто така, бара и без одлагање годинава да дојде до дефинитивен заклучок меѓу двете страни во спорот за името.
Во резолуцијата се повикуваат Европската комисија и Европскиот совет да започнат, во согласност со ЕУ-договорите, да развиваат општо применливи арбитражни механизми во насок ана решавање на билатерални прашања меѓу земјите-кандидати и земјите-членки на Унијата.
– Охрабруваме да продолжат дипломатските размени меѓу Скопје, Атина и Софија и сите страни да демонстрираат соодветна заложба за добрососедските односи врз основа на взаемна почит и пријателство, се вели во драфт-верзијата, каде Ховит повикува и на засилување на политичкиот дијалог во земјата со цел цел да се зацврстат меѓуетничките односи во Република Македонија.
Во оваа драфт-верзија се повикува и да се зајакне надзорната улога на Собранието нспроти Владата и зајакнување на Изборниот законик и зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии со цел целосно спроведување на препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
Во резолуцијата се поздравува и програмата за децентрализација 2011-2014 и бара Владата да продолжи со фискалната децентрализација, а се поздравува и проектот за мултиетничка едукација што се спроведува во Куманово и се бара на територијата на целата држава да запре одделната едукација на различните етнички заедници.
Британскиот европратеник посебно го истакнува успехот да ја вметне придавката „македонски” во претходнио извештај на ЕП, а го поздравува и тоа што Европската комисија го стори истото во својот последен извештај за Република Македонија, што според него е “термин што се однесува на јазикот на земјата, културата и идентитетот”.
– Прашањето со Ромите не треба да се користи за да се придизвикува безавизнито режим за патување од оваа земја кон ЕУ – ги предупредува Ховит земјите-членки во извештајот за заканата за повторно воведување на визите.