Холштајн: С. Македонија има безрезервна поддршка за отворање на патот кон ЕУ и од новата германска Влада, предводена од Олаф Шолц

Од:

Германската амбасадорка во Северна Македонија Анке Холштајн во интервју за Дојче веле нагласува дека официјален Берлин не поддржува никакви алтернативи за полноправното членство на земјите од Западниот Балкан во ЕУ и истакнува дека очекува брз почеток на пристапните преговори.

Таа е уверена дека повеќе од симбол е тоа што новата државна министерка за Европа во германското МНР, Ана Лирман како прв странски гостин ќе го прими вицепремиерот за европски прашања на Северна Македонија Никола Димитров.

Таа во интервјуто напомена дека во коалицискиот договор на новата германска Влада предводена од Олаф Шолц има јасни насоки за натамошна поддршка на Западен Балкан и конкретни насоки во однос на Северна Македонија

-Ние го поддржуваме пристапниот процес кон ЕУ на шесте држави од Западниот Балкан и потребните реформи за исполнување на сите Копенхашки критериуми. Во оваа рамка го засилуваме граѓанското општество и ги поддржуваме натамошните чекори за приближување. Во следниот чекор, мора да бидат отворени првите поглавја со Северна Македонија и Албанија, цитираше таа дел од коалицискиот договор.

Во коалицискиот договор, додаде таа Западен Балкан е дел од ЕУ и не постои алтернатива за членството на овие земји во Унијата.

Потсетувајќи дека ЕУ е заедница на држави, во која владее принципот на консензус, Холштајн во врска со спорот со Бугарија напомена дека Германија и под водството на Ангела Меркел сторила се што е во нејзина моќ за да го ослободи патот на земјава кон ЕУ, а вети дека безрезевна поддршка ќе има и од новата сојузна Влада на Шолц.

Во врска со тоа дека во Скопје и Софија наскоро ќе има нови влади и колку е реално очекувањето спорот да се реши до првата половина на јануари, Холштајн вели дека Северна Македонија сторила сѐ за да биде слободен патот за првата меѓувладина конференција, и предусловите се тука.

-Германија и Европската комисија, како и речиси сите земји-членки, неуморно работат за брз почеток на пристапните преговори, и сите знаеме кој е влогот, истакна германската амбасадорка Анке Холштајн во интервју за Дојче веле.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска